Интерес за финансирање проекти во Македонија од 450 милиони евра

Bez autora
May 16 2010

Македонија се очекува да добие околу 450 милиони евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за пакет проекти од патната инфрструктура, железницата и енергетиката. Ова е најавено на средбите што вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, ги имаше во Загреб со претставници на ЕБОР. ЕБОР е заинтересирана за проектот за ревитализација на железничките пруги од Коридорот 10 и Кордорот 8, како и за проектот за изградба на гасоводниот систем. Се очекува банката да го потврди и грантот од половина милион евра за изградба на физибилити студија за железничката пруга од Коридорот 8, а до крајот на јуни Бордот на директори на ЕБОР да донесе одлуката за заем од 17,6 милиони евра за реконструкција на железничката пруга по Коридорот 10. На средбите одржани на маргините на Годишното собрание на ЕБОР, станало збор и за тековниот проект за ревитализација на регионалните и локалните патишта во кои ЕБОР има инвестирано околу 50 милиони евра.

Интерес за финансирање проекти во Македонија од 450 милиони евраМакедонија се очекува да добие околу 450 милиони евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за пакет проекти од патната инфрструктура, железницата и енергетиката.

Ова е најавено на средбите што вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, ги имаше во Загреб со претставници на ЕБОР. Како што јави известувачот на МИА од Загреб, ЕБОР е заинтересирана за проектот за ревитализација на железничките пруги од Коридорот 10 и Кордорот 8, како и за проектот за изградба на гасоводниот систем. Се очекува банката да го потврди и грантот од половина милион евра за изградба на физибилити студија за железничката пруга од Коридорот 8, а до крајот на јуни Бордот на директори на ЕБОР да донесе одлуката за заем од 17,6 милиони евра за реконструкција на железничката пруга по Коридорот 10.

На средбите одржани на маргините на Годишното собрание на ЕБОР, станало збор и за тековниот проект за ревитализација на регионалните и локалните патишта во кои ЕБОР има инвестирано околу 50 милиони евра.

Начелен интерес ЕБОР пројавила и за финансирање на проектот за изградба на гасоводниот систем за кој конечната одлука се очекува Бордот на директори да ја донесе до крајот на годината по разгледување на веќе изготвената физибилити студија. Во енергетскиот сектор ќе се разговара за проектот ХЕЦ Бошков мост" вреден 80 милиони евра.

Вицепремиерот Ставревски попладне заедно со директорот на Агенцијата за привлекување странски инвестиции, Виктор Мизо, требаше да ги презентира можностите за инвестирање во Македонија пред заинтересирани инвеститори и меѓународни финансиски институции.

На маргините на Годишното собрание на ЕБОР ќе биде потпишан и договор за заем меѓу ЕБОР и Охридска банка во висина од 10 милиони евра што ќе биде искористен за кредитирање на мали и средни бизниси.

Од почетокот на своето работење ЕБОР во Македонија има финансирано над 510 милиони евра во над 40 проекти од финансискиот и енергетскиот сектор, инфраструктурата и корпоративните дејности.

На Форумот во Загреб учествуваат над 2.000 високи владини претставници, банкари и експерти кои дебатираа како да се зајакнат финансиските пазари за да се постигне одржлив економски раст и да се забрза темпото на закрепнување на економиите по минатогодишната финансиска криза.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik